23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕден пушач работодавецот во просек го чини по 4.600 евра повеќе од...

Еден пушач работодавецот во просек го чини по 4.600 евра повеќе од еден непушач

Smoking_Costs-vi

Еден пушач својот работодавец го чини во просек годишно 4.600 евра повеќе од еден непушач, покажуваат резултатите од едно американско истражување.

Сумата варира од 2.200 евра до над 7.730 евра во зависност од секторот на дејност и позицијата која ја зазема лицето, нагласуваат експертите од Универзитетот во државата Охајо, кои го спроведоа истражувањето.

Пушачите повеќе ги чинат работодавците поради паузата за пушење. Поради тие паузи работодавците губат по 2.350 евра годишно на пушач.

Единствена позитивна работа за работодавците во оваа ситуација е дека внесува помалку работни часови во пензискиот надомест за вработените, кои се пушачи, кои умираат помлади, отколку за вработените непушачи.

Пушачите претставуваат една петина од возрасното американско население. Пушењето се смета дека е одговорно за смртта на 443 илјади лица во САД секоја година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП