28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАГенијални лекции за претприемачите - Ајнштајн, Да Винчи, Франклин

Генијални лекции за претприемачите – Ајнштајн, Да Винчи, Франклин

Генијалните луѓе како Алберт Ајнштајн, Леонардо Да Винчи и Бенџамин Франклин, не биле само интелигентни туку и исклучително претприемнични. Успехот кој тие го постигнале, денес се инспирација за сите креативни и упорни луѓе. Секој во својата сфера на интереси бил подеднакво успешен. Но тој успех не произлегувал само од нивната генијалност, туку и од напорната работа и неверојатната упорност.

Ова се лекциите кои тие им ги оставија на генерацииите по нив:

Бидете љубопитни

„Не размислувајте зошто поставувате прашања, едноставно не престанувајте со прашањата. Не грижете се за прашањата на кои не можете да одговорите и не се обидувајте да го објасните она што не можете да го знаете. Љубопитноста е сама по себе објаснување. Обидете се да разберете од се по малку секој ден„ – Алберт Ајнштајн.

Мора да бидете љубопитни, константно да се преиспитувте и да барате одговори, бидејќи тоа е единствениот начин својата креативност, своите иновации и идеи да ги спроведете во дела.

Развивајте самоконтрола

„Нема поголеми вештини од вештините за владеење самите со себе“, Леонардо Да Винчи.

Денес постојат изобилства од пречки кои ви го одвраќаат вниманието од стапувањето во акција и постигнување на својот полн потенцијал: социјални медиуми, забава, пријатели, семејство итн. Не се сите лоши, но е неопходно да воспоставите самоконтрола со цел да постигнете врвни резултати.

Учете преку пракса

„Кажи ми и јас ќе заборавам. Подучи ме и јас ќе запомнам. Вклучи ме во работата и јас ќе научам“, Бенџамин Франклин.

Највредното знаење кое можете да го стекнете е во праксата. Погрешно мислите доколку сметате дека овој дел до патот на успехот можете да го прескокнете. Најдобро е да најдете ментор, кој веќе поминал низ тоа што вас допрва ве чека и од него да научите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП