1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанкнотата од 10 швајцарски франци е најубавата во светот

Банкнотата од 10 швајцарски франци е најубавата во светот

Швајцарската банкнота од 10 франци се смета за најубава во светот, објави „АФП“.

Признанието е на Меѓународното друштво за банкноти – асоцијација на собирачи и специјалисти, чија цел од 1961-ва година е да се промовира и поттикнува истражувањата на банкнотите во светот. Секоја година, здружението ја дава наградата „Банкнота на годината“.

Банкнотата од 10 швајцарски франци, издадена од Швајцарската национална банка, беше избрана за најубава во светот во минатата година. Има златна боја, а на неа се претставени деликатните раце на диригент. Банкнотата е добро заштитена од фалсификување.

Во трката за престижното признание учествува исто банкнотата од 10 фунти на Шкотската кралска банка со слика на Мери Сомервил на неа. Сомервил е шкотски истражувач, писател, енциклопедист, математичар и астроном.

Во борбата за престижната титула учествуваа и банкнотата од 10 долари на Канадската банка со својата блескава пурпурна нијанса и банкнотата од 7 долари на Островите Фиџи во чест на нејзиниот 7 члена рагби тим кој и го донесе на земјата првиот олимписки медал во нејзината историјата.

Во битката се вклучија и банкнотата од 100 норвешки круни со драка (брод на Викинзите), како и банкнотата од 40 франци на Централната банка на Џибути со ајкула во позадина на повеќебојни корали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП