Изгледа дека не постои проблем кој лукот не може да го реши – од вампири, па се до целулитот!
Дами, знаеме колку целулитот може да биде досадна работа, па ако ви пречи, најдобро е да ја започнете оваа борба.
„Портокаловата кора“ кај повеќе луѓе се наоѓа на задникот и бутовите, а не постои чудотворна крема која ќе го отстрани целулитот преку ноќ и за него потребно е трпение ако сакате да го победите.
Еден од најефикансите борци против целулит е лукот, а познат е и како сјајно антибактериско средство.
Против целулитот треба да се јаде свеж, три чешниња дневно, неколку недели.
Не морате да го џвакате, доволно е само да ги испиете со вода или со млеко. Можете да пробате и куркума. Потребно е да растворите лажица куркума во чаша топло млеко.
За да се подобри вкусот, можете да ставите и багремов мед.