6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо САД отворени скромни 103.000 работни места

Во САД отворени скромни 103.000 работни места

Бројот на новоотворени работни места во САД во март изнесувал скромни 103,000 после повеќе месеци силен раст.

Владиниот генерален извештај за работните места укажува на тоа дека пазарот на труд и понатака е здрав.

Министерството за труд на САД соопшти дека стапката на невработеност во март останала на 17- годишен минимум од 4,1 проценти, шести месец последователно, пренесува агенцијата АП.

Просечната заработка по час во март била поголема за 2,7 проценти во однос на една година претходно.

Вработувањето забрза минатата есен, спротивно на очекувањата дека недостатокот на работници ќе им отежне на компаниите да ги пополнат новоотворените работни места. Работодавците во просек додавале 211.000 работни места месечно во последната половина година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП