4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо тек е продажбата на мнозинскиот удел во Hellenic Petroleum

Во тек е продажбата на мнозинскиот удел во Hellenic Petroleum

Грчкиот фонд за приватизација „HRADF“ и „Paneuropean Oil and Industrial Holdings“ се договорија да продадат дел од уделите во „Hellenic Petroleum“, соопштува „Ројтерс“. Двете се главни акционери во нафтената компанија – фондот држи удел од 35,5%, а „Paneuropean“ која е приватна компанија, има 45,5% од капиталот.

Сега двете страни потпишале договор според кој „HRADF“ ќе понуди за продажба 20% од акциите, а „Paneuropean“ – 30,1%. Така на меѓународниот пазар ќе биде понуден мнозинскиот удел на „Hellenic Petroleum“.

Од сајтот на нафтената компанија станува јасно дека останатите акционери во компанијата се грчки државни институции (11%) и приватни инвеститори (8%). Двата главни акционери ќе имаат акции од нешто над 15%.

„Hellenic Petroleum“ е најголемата енергетска компанија во Југоисточна Европа. Компанијата има четири рафинерии (три од вкупно четирите во Грција и една во Македонија), бензински пумпи, електроцентрали и држи удел од 35% од грчкиот државен гасен оператор „DEPA“.

Компанијата управува со ланецот на бензински пумпи во Бугарија – „Еко“.

Во 2017-та година, неговиот приход изнесуваше 8 милијарди евра, а оперативната добивка изнесуваше 834 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП