6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНајлесен начин да се стигне од нула до милионер

Најлесен начин да се стигне од нула до милионер

milioner

Во основа постојат пет начини да се збогатите почнувајќи од нула, врз основа на 25 годишното истражување на американските милионери.

 

Наследете

Како прво, можете да наследите богатство. Помалку од 10% од богатите Американци ги наследиле своите пари и секоја година имаат се помалку и помалку.

 

Работете за себе

Друг начин на кој може да се збогатите е да го стекнете богатството професионално. Можете да станете доктор, адвокат, архитект или сметководител. Може да станете многу добри во она што го правите, да бидете добро платени и да ги зачувате парите.

 

Станете извршен директор на голема корпорација

Третиот начин да се збогатите е да станете извршен директор на некоја голема корпорација. Постои шанса да бидете многу добро платени, да се стекнете со акции и да добивате големи бонуси. Доколку останете доволно долго во компанијата, на пример неколку години, може да станете доволно богат.

 

Станете добитник на лотарија

Ако имате среќа може да освоите богатство. Но само мал дел од богатите Американци се збогатиле на овој или на сличен начин. Всушност, шансите за добивање на лотарија се исти колку  гром да удри двапати на истото место, односно многу мали.

 

Најдобар начин – Стартувајте ваш сопствен бизнис

Петтиот начин да се биде богат е да поседувате сопствен бизнис и самите да направите богатство. Водењето на свој бизнис било и секогаш ќе биде најдобриот начин за стекнување на богатство за повеќето милионери. Претприемништвото нуди се повеќе можности и отвора повеќе врати од сите други опции во заедно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП