19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо февруари раст бележат германските фабрички нарачки

Во февруари раст бележат германските фабрички нарачки

Германските фабрички нарачки се зголемуваат во февруари – во момент во кој компаниите се соочуваат со ограничен капацитет, пренесува „Bloomberg“.

Нарачките корегирани со сезонските промени и инфлацијата, се зголемуваат за 0,3% на месечна основа во февруари, откако се намалија за 3,5% во јануари, објави во Министерството за економија. Зголемувањето сепак остана под прогнозите на аналитичарите анкетирани од „Ројтерс“ за раст од 1,5%.

Со исклучок на големите нарачки, новите нарачки се намалија за 0,7% во февруари во однос на претходниот месец, пишува „Business Insider“.

Во февруари внатрешните нарачки се намалуваат за 1,4%, а нарачките во странство се зголемуваат за 1,4%. Новите нарачки од еврозоната се зголемија за 4,5%, а новите нарачки од други држави се намалиле за 0,6% во споредба со јануари.

Германската економија, поддржана од силни внатрешни трошоци и просперитетната светска трговија, е во екот на пораст, во кој производството е на својот максимум.

Иако активноста во секторот е малку послаба во споредба со крајот на минатата година, централната банка на земјата, тврди дека економијата веројатно ја има задржано инерцијата во првиот квартал.

„И покрај пригушениот старт на годината, договорите треба да продолжат да растат. Светската економија продолжува да расте, па побарувачката на германските индустриски стоки мора да остане висока“, коментираат Министерството за економија.

По раст од 2,2% во минатата година, најголем од 2011-та година, се очекува растот на бруто домашниот производ да се зголеми за 2,5% во 2018-та година. „Bloomberg Economics“ проценува дека производството е повисоко, отколку што може да се задржи на долг рок.

Податоците покажуваат дека договорите се поддржани од побарувачката на инвестициски стоки во еврозоната. Податоците кои се очекуваат во петок, најверојатно ќе покажат дека и индустриското производство се зголемило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП