28 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо блиска иднина iPhone нема да треба да се допира

Во блиска иднина iPhone нема да треба да се допира

Две технологии кои би можеле да означат пресвртница во тоа како „iPhone“ би изгледал и како би се користел, најверојатно се во процес на развој во лабораториите на Apple.

Според информациите кои ги доби „Bloomberg“ од лица блиски до компанијата, „Apple“ моментално работи на развој на сезонор кој ќе овозможува управување на смартфонот со помош на гестови, како и технологија на закривен екран.

Управувањето со гестови би можело во скоро време да биде имплементирано во екраните на „iPhone“. Тоа значи дека корисниците би можеле да „допираат“ по екранот и да даваат наредби на телефонот без воопшто да го допираат екранот. Па така екранот чувствителен на допир би можел да се претвори во екран чувствителен на движење на гестови над него. Наместо детектирање на силата на притискање на екранот, новиот сензор би реагирал на одалеченоста на прстот од екранот и тој податок би го претворал во наредба.

Доколку се одлучи „Apple“ да продолжи со развојот на оваа технологија, таа би можела да се најде во уредите за најмалку две до три години. Ако ништо друго, оваа технологија би можела да го бројот на дамки кои секојдневно се оставаат на екранот.

За имплементација на оваа технологија би се користеле сензори слични на оние на камерите „TrueDepth“ кој денеска служат за „Face ID“ (препознавање на лицето на корисникот).

Во исто време во „Apple“ работат и на развој на закривен „OLED“ екран. Според истиот извор компанијата смета дека можноста за изработка на ваков вид екран закривеноста би се протегала по целата негова должина – па сечини дека некои модели на „iPhone“ во иднина би можеле да потсетуваат на „бананата“ на „Nokiа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП