22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономската активност на еврозоната има најнизок раст од почетокот на 2017-та

Економската активност на еврозоната има најнизок раст од почетокот на 2017-та

Економската активност на еврозоната во март е зголемена за најниското темпо од почетокот на 2017-та година поради поумерените растови во секторите на производство и услугите. Ова е јасно од индексот на менаџерите по порачки на „IHS Markit“.

Податоците покажуваат умерено забавување на растот на новите нарачки во комбинација со лошото време во северните делови на блокот, како и некои тешкотии во синџирот на снабдување како последица на неодамнешниот силен раст.

За последниот месец, индексот на еврозоната изнесуваше 55,2 поени, за разлика од 57,1 поен во февруари. Бројките се исто така под претходните пресметки за 55,3 поени. Тоа претставува и подрастичен едномесечен пад за последните речиси шест години, но и покрај тоа останува далеку од 50-те поени, кои го делат растот од контракцијата.

Иако растот останува силен, покривајќи широк спектар – производството расте во секоја земја во истражувањето, значителните задоцнувања се исто така широко распространети. Растот е ослабен во економиите на четирите најголеми земји од еврозоната, како и во Ирска, објави „Ројтерс“.

„Економијата во еврозоната не вриеше во март, иако „се уште е жешко“. Истражувањата сигнализираат за економски раст со импресивни 0,6% на квартална основа во март“, посочува Крис Вилијамсон, главен бизнис економист од „IHS Markit“. Според неговите зборови, доцнењето се очекува во споредба со силниот „PMI“ на почетокот на годината.

Еврото поскапе за околу 2% во однос на доларот во последните три месеци, со што се зголеми цената на европскиот извоз. Влијанието врз економската активност беше и лошото време во Европа.

Под-индексот за мерење на нови нарачки во трговијата во еврозоната падна на 14-месечен минимум на 55 поени во март од претходните 56,3 поени.

Следејќи го намалувањето на индексот на менаџерите на нарачките во индустријата, објавен во вторникот, индексот за секторот на услугите во блокот достигна најниско ниво за седум месеци – 54,9 поени од 56,2 поени во февруари.

Инфлацијата во блокот се зголеми на 1,4%, како што се очекуваше во претходниот месец, стана јасно од прелиминарните податоци објавени во средата. Овие вредности сè уште се далеку од целта на „ЕЦБ“ од само 2%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП