19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа Велигден изменет сообраќаен режим во Центар, Ѓорче Петров и Аеродром

За Велигден изменет сообраќаен режим во Центар, Ѓорче Петров и Аеродром

Сообраќајната полиција на 7 и 8 април, за велигденските празници, ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.

Имено, в сабота (07.04.) во периодот од 18 часот па до завршувањето на чествувањето на празникот за време на централните верски манифестации во центарот на град Скопје за сообраќај ќе бидат затворени: булевар Партизански одреди од крстосницата со улица Аминта Трети до крстосницата со булевар ВМРО; потоа булевар Св.Климент Охридски од крстосницата со булевар Илинден до крстосницата со улица Димитрије Чуповски.

Исто така, во истиот период им се менува трасата на движење на автобусите од јавниот градски сообраќај што поминуваат преку мостот „Гоце Делчев“ и автобусите што поминуваат преку центар на градот.

На подрачјето, пак, на општина Ѓорче Петров по потреба за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по бул. Партизански одреди, десно по ул. Ѓорче Петров, лево по ул. Васил Чакаларов. Како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по ул. Демир Трајко и лево по ул. Васил Чакаларов до Железничкиот мост на реката Вардар.

Во општина Аеродром, по потреба за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон село Лисиче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП