23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција ги укинува даночните олеснувања за богатите семејства

Франција ги укинува даночните олеснувања за богатите семејства

francija3

Француската влада вчера ги намали даночните олеснувања за богатите домаќинства, во рамките на планот за намалување на големите трошоци на системот за семејни бенефиции.

Промените сепак не ги вклучуваат мерките за укинување на сите додатоци за семејствата чии членови имаат големи приходи, како што сакаа некои политичари.

Наместо тоа, поголемиот дел од заштедите ќе биде остварен со укинување на одредени даночни олеснувања за богатите родители, според бројот на децата кои ги имаат.

Социјалистичката влада сака со одредени мерки да заштеди две милијарди евра годишно до 2016 година. Франција од ЕУ доби дополнителни две години за намалување на буџетскиот дефицит на три проценти од бруто домашниот производ.

„Возможно е да го намалиме нашиот дефицит со зачувување на јадрото на нашиот социјалeн модел“, изјави премиерот Жан Марк Оро.

Конзервативците ги критикуваат овие мерки и сметаат дека тие се уште еден удар за францускиот модел за традиционалното семејство.

Претседателот Франсоа Оланд претходно беше осуден од страна на бизнис лидерите на конзервативната партија за обидот да воведе данок од 75 проценти на приходите кои се поголеми од еден милион евра годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП