3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаев ги посети текстилните работници во Штип

Заев ги посети текстилните работници во Штип

Премиерот Зоран Заев заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска е во работна посета на Штип.

Придружуван од градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, премиерот Заев утрово разговараше со работничките и работниците од конфекциската индустрија за мерките на Владата од Оперативниот план и за политиките за вработувања.

За реализација на мерките од Оперативниот План за вработување за оваа година Владата издвои над 1 милијарда денари или околу 17 милиони евра.

Во рамки на оваа посета премиерот Заев и министерката Царовска остварија работна средба со работодавачи, претставници на бизнис секторот од штипскиот регион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП