7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСугарески: Во Источниот Регион ќе инвестираме над 300 милиони евра за патишта

Сугарески: Во Источниот Регион ќе инвестираме над 300 милиони евра за патишта

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, денеска извршија увид во градежните работи на експресниот пат Штип-Кочани.

„Должината на овој нов патен правец изнесува 28 километри и предвидена е изградба во две фази. Во тек е изградба на првата фаза од Штип до Крупиште во должина од 14,3 километри, инвестиција со вредност од над 20 милиони евра. При изградбата на оваа фаза наидовме на состојба која создаде тешкотии при реализацијата на проектот, меѓутоа полека успеваме да ги надминеме и во моментот вкупниот прогрес на градежните работи изнесува 20 отсто“, рече Сугарески.

Што се однесува на втората фаза од Крупиште до Кочани, тој информира дека во тек е одобрување на тендерската документација.

„Источниот Регион е токму оној во кој се предвидени најголеми инвестиции во изградба и реконструкција на патната мрежа. Тука ќе реализираме инвестиции од 300 милиони евра во изградба на автопати, два експресни патишта и реконструкција на регионалните“, рече Сугарески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП