18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНишто од опоравувањето на биткоинот

Ништо од опоравувањето на биткоинот

Валутата бележи сериозен пад во последниве две недели, и се чини дека опаѓањето ќе остане подолго. Некои аналитичари сметаат дека главна причина за падот би била регулацијата.

Други дискутираат за идејата дека биткоинот и криптовалутите сеуште се технолгии во развој и сеуште не се разработени сите нивни ограничувања.

Некои кажуваат дека биткоинтот е релативно нов на пазарот и дека е загрозен од постојани објави во медиумите и со негативните коментари. Тоа се работи кои сме ги слушнале и претходно, а ќе ги слушаме и во иднина. Меѓутоа, поголемиот број аналитичари имаат заедничко размислување, а тоа е дека наскоро ќе се зацврсти биткоинот. И покрај големата нестабилност што ја видовме во текот на изминатите неколку недели и постојаните флуктуации на цените, што недвосмислено ги иритираше ентузијастите, оние кои ја следат состојбата на биткоинот велат дека на дигиталната валута и претстои позитивна иднина.

Биткоинтот во средата падна под 7.000 долари по што следеше и пад на другите дигитални валути. Најголемата криптовалута со најголема пазарна вредност опадна за 8% на дури 6,782.64 долари.

„Ethereum“ и „Ripple“, втората и третата најголема криптовалута по пазарна капитализација во средата имаа драстичен пад.

„Ethereum“ опадна за повеќе од 9% на 375,31 долар, додека „Ripple“ падна за повеќе од 10% на 50 центи, објавува „CNBC“. Почетокот беше на пристојно ниво од 370 долари колку што изнесуваше „ETH“ во однос на американскиот долар. Вредноста успеа да предизвика голем отпор во близина на зоната од 390 до 395 долари. Вчерашниот пад предизвика низа отпори од 395 долари, а „ETH“ се тргуваше на ниво од 417,84 долари пред да се соочи со продавачите. Подоцна се појави корекција на падот, а вредноста падна под 410 долари. Меѓутоа, постои голема поддршка во близина на ниво од 400 долари. Ако цената не успее да остане над 395 и 390 долари за поддршка, може да се врати повторно на 360 долари. Од друга страна пак, вредноста мора да се движи преку зоната 317-320 долари за повеќе добивка во блиска иднина. Вредноста на „Еtereum“ завчера на стартот на тргувањето го започна денот со 390,22 долари, а до вчера изнесуваше 401,98 долари. Денес е 408,50 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП