12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota и Subaru подготвуваат нови GT86/BRZ

Toyota и Subaru подготвуваат нови GT86/BRZ

„Сестринските“ спортски модели – „Toyota GT86“ и „Subaru BRZ“, на пазарот се од 2012-та, а според некои медиуми од Јапонија, ќе се продаваат уште неколку години, по што двата производители на возила од оваа земја ќе ги претстават новите генерации.

Според информациите наместо постоечкиот 2.0-литарски бензинец, под хаубата ќе се најде моќен агрегат со зафатнина од 2.4-литри.

Потсетуваме, аткуелните „GT86“ и „BRZ“ за погон користат четирицилиндарски 2.0-литарски боксер мотор кој во 2016-та со редизајнот на овие автомобили, е засилен со 5 „коња“ во однос на верзијата од 2012-та, додека максималниот вртежен момент е зголем за 7 Nm. Погонската единица 205 ks и 212 Nm.

Засега не е познато колкава моќ ќе има идниот 2.4-литарски мотори и дали ќе биде атмосферски, како неговиот претхондник.

Се споменува дека новата генерација на моделите „GT86“ и „BRZ“ ќе има пониско тежиште, со штоќе се подобри однесувањето на автомобилот при спортско возење, а особено во кривините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП