4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија призна дека Кина е најголемата економска сила

Австрија призна дека Кина е најголемата економска сила

Кина наскоро ќе постане најголемата економска сила, а Австрија доцна го призна кинескиот пазар, тврди професорот на Економскиот универзитет во Виена, Јонас Пук.

Пук, по повод посетата на претседателот на Австрија, Александар ван дер Белен на Пекинг, изјави дека светската економија во моментов се соочува со големи движења, предизвикани од политичкиот распоред на силите од индустриската револуција.

Пук исто така, изјави дека многу политички и економски актери за сето тоа не се доволно свесни.

„Она што моментално го гледаме до сега не се случило, а тоа е дека двете сили, толку цврсто одат кон врвот“, додаде професорот.

Тој рече дека Кина е апсолутен центар на светската економија, за што допринесува и политичката структра, а потоа додаде дека организациската предност е што не постои јасно изразен демократски систем,  бидеќи тоа би овозможило долгорочно планирање.

Според овие претпоставки таквиот систем, од економски поглед дава безбедност, која другите политички системи ја немаат.

Кинескиот систем како што се истакнува тој, моментално е посилен од оној на Западот.

Професорот вели дека долго време не постоел период во кој е забележана толкава економска промена како во последниве 17 месеци.

Пук укажа на тоа дека, австрискиот пазар доцна ја открил моќта на кинескиот пазар, бидејќи Австрија била сконцентрирана на централниот и југоисточниот Европски пазар.

„Во меѓувреме, овие пазари се заситени и се во потрага по нови хоризонти“, заклучи тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП