19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДури и за половина ден во Грција - ќе мора да платите...

Дури и за половина ден во Грција – ќе мора да платите данок!

Туристите во Грција ќе мора да платат данок дури и кога ќе резервираат хотел за половина ден. Ова беше објавено од страна на грчките власти, објаснувајќи ги спецификите на данокот на туристичката такса, кој стапи на сила на 1-ви јануари оваа година.

Данокот се однесува на сите туристи кои се сместени во хотели од сите категории или во лиценцирани опремени апартмани или куќи.

Во зависност од категоријата, данокот по турист по ден е следен:

за хотели 1 и 2 ѕвезди – 0,5 евра;

за хотели 3 ѕвезди – 1.50 евра;

за хотели со 4 ѕвезди – 3 евра;

за хотели 5 ѕвезди – 4 евра.

Данокот исто така треба да се плати и за краткорочните изнајмувања преку онлајн платформи, како што е „Airbnb“, но само во случај на дополнителни услуги – појадок или постелнина. Во овој случај, данокот по лице е 0,5 евра дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП