25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција руши туристички рекорди

Франција руши туристички рекорди

Франција го собори туристичкиот рекорд со 429 милиони регистрирани ноќевања во една година.

Во текот на минатата година регистрирани се 5,6 проценти ноќевања повеќе во однос на претходната година.

Во хотелите, камп и туристичките населби забележани се 23 милиони ноќевања повеќе отколку во текот на 2016 година.

Хотелиерството во Франција имаше големи проблеми по терористичките напади во 2015 и 2016 година, но сега забележа раст од 4,9 проценти.

Според сознанијата на Банката на Франција, туристичките приходи во 2016 година изнесувале околу 49 милијарди евра, а лани околу 54 милијарди, но тие податоци се уште не се конечни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП