20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ"Societe Generale" се повлекува од регионот на ИЕ - Охридска банка оди...

“Societe Generale” се повлекува од регионот на ИЕ – Охридска банка оди на продажба

Француската групација Сосиете женерал се повелкува од регионот на Источна Европа од нестратегиски пазари, каде не се во топ трите банки според пазарниот удел, вклучувајќи ја и Македонија.

Во рамки на ова, како што пишува бугарскиот весник „Капитал“, се продава банката во Бугарија во пакет со уште пет подружници на француската групација во Албанија, Македонија, Црна Гора, Србија и Молдавија.

Весникот наведува дека сите банки добро се управуваат и се со добивка, но истовремено страдаат од сличи недостатоци – мали пазари, каде некогаш примамливо високата рентабилност сега се топи, а средината е заситена и во исто време нестабилна поради политичка и регулаторна гледна точка.

Во 2016 година групацијата ја продаде хрватската Сплитска банка на ОТР, а во текот на 2017 година и грузиската. Надвор од предвидениот пакет што ќе се продава остануваат банките во Русија, Романија и Чешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП