28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch го намали рејтингот на Кипар за уште еден степен

Fitch го намали рејтингот на Кипар за уште еден степен

fic1

Американската агенција за кредитен рејтинг „Fitch“ денес го намали кредитниот рејтинг на Кипар за еден степен на „B-“, со негативна прогноза, наведувајќи ја како причина, загриженоста околу меѓународниот пакет помош за таа земја и реструктуирањето на кипарскиот банкарски сектор.

„Кипар нема флексибилност да се избори со домашните и надвoрешните шокови и затоа постои висок ризик од неуспех на програмата“, се наведува во соопштението на „Fitch“, пренесува агенцијата Франс Прес.

Кипар во март со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд договори пакет помош од десет милијарди евра, со што ги принуди големите депоненти да претрпат огромни загуби, пренесува агенцијата Франс Прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП