3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмерика воведува санкции против олигарсите

Америка воведува санкции против олигарсите

САД планира да воведе санкции против руските олигарси, со што во одредена мера претставува казна за руската влада поради вмешувањето во американските претседателските избори кои беа одржани 2016-та година.

Новите мерки би требало да се објават следниот четврток, дознава ,,Ројтерс” од извори кои беа директно вклучени во расправата за воведување на санкции.

Доколку се оствари оваа мерка на САД против Русија, ќе претставува една од најсуровите превземени до сега, откако САД минатата година спроведе санкција против деветнаесет руски државјани и пет руски организации, како и руски разознавачки служби поради вмешаност во американските избори и хакерските напади.

Санкцијата против руската бизнис-елита секако ќе опфати и луѓе блиски на претседателот Путин, што е одраз на желбата на Вашингтон за повикување одговорност на Москва поради наводното мешање во изборите во 2016-та година, за што Русија упорно ја негира вмешаноста во претседателските избори.

Американскиот министер за финансии претходниот месец ги најави санкциите против олигарсите, а притоа објасни дека со тоа ќе им се оневозможи пристап до американскиот финансиски состав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП