20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПодготвува ли Alfa купе ривал на BMW M4 и Audi RS5?

Подготвува ли Alfa купе ривал на BMW M4 и Audi RS5?

Шпрекулациите за купе верзијата на моделот „Alfa Romeo Giulia“ кружат по автомобилските портали веќе некое време, а како што дознава „Autocar“, изгледа не станува збор само за гласини.

Иако од „Alfа“ нема официјални потврди, овој сајт наведува дека италијанскиот производител веќе ја подготвува купе верзијата на „Giuliа“ и дека автомобилиот ќе има премиера до крајот на оваа година, а на пазарот ќе се појави во 2019-та.

Новиот модел ќе биде базиран на најмоќната верзија на лимузината на „Alfа“ – моделот „Giulia Quadrifoglio“, oд која ќе биде превземен дизајнот на надворешноста, додека за погон ќе биде употребен постоечкиот 3.0-литарски турбо-бензинец V6 развиен во „Ferrari“, но со подобрената хибридна технологија која „Ferrari“ ја користи во Формула 1.

Станува збор за технолошки сличен систем кој „Ferrari“ го примени во моделот „LaFerrari“ (HY-KERS). Покрај тоа што купето „Giulia“ во тој случај би имала повеќе „коња“ (се споменува преку 640 ks), возилото би имало и помала потрошувачка на „CO2“.

„Autocar“ наведува дека „Alfa“ ќе понуди и уште една хибридна верија со скромна моќност (околу 350 ks), базирана на 2.0-литарски бензинец од моделот „Giulia Veloce“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП