1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавен јавниот повик за субвенции за набавка на печки на пелети

Објавен јавниот повик за субвенции за набавка на печки на пелети

Градот Скопје денеска го објави јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети.

Со цел да ги стимулира граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови – печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, Градот Скопје на граѓаните што ќе купат печки на пелети од денот на објавување на јавниот повик, а заклучно со 21 мај, ќе им надомести дел од трошоците за набавка на печката во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

Јавниот повик ќе трае 45 календарски денови од денот на објавувањето, поточно од 5 април до 21 мај или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.

Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства, Градот Скопје ќе ја информира јавноста на својата интернет-страница. Овој повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП