19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„На еврото веќе одамна му нема спас“

„На еврото веќе одамна му нема спас“

Меѓународниот монетарен фонд нема да го спаси еврото – тој експеримент треба да заврши, тврди германскиот економист Марк Фридрих.

Тој ги критикува ставовите на шефицата на ММФ Кристин Лагард, која предлага создавање на специјален фонд во случај на криза во еврозоната.

Ако дојде до создавање на ваков фонд, Германија би требало да уплатува 11 милијарди евра годишно.

Фридрих, шефот на консалтинг компанијата „Фридрих и Вајк“, тврди дека Лагард и нејзиниот сограѓанин францускиот претседател Емануел Макрон си поставиле на себе си цел да ја спасат ЕУ и еврозоната.

„На нив не би им сметало Германија да стане „шампион во давање“. Тие очајнички се трудат еврото да опстане, но тоа е само уште едне чекор кон диктатура во ЕУ. Се надевам дека германските политичари ќе се спротивстават на оваа идеја, бидејќи еврото и така веќе одамна не може да се спаси“, тврди германскиот економист.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП