19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд скептицизам до верба во САД и Кина

Од скептицизам до верба во САД и Кина

Индексите на „Волт Стрит“ се подобрија и забележаа цврст раст, бидејќи инвеститорите сметаат дека заканите на САД и Кина за зголемување на таксите за увоз нема да ескалираат.

На почетокот на тргувањето во Њујорк ,,Dow Jones“ падна за повеќе од 2,0%, но потоа следеше раст од 1,0%. Индексот ,,S&P 500” порасна за 1,2%, додека ,,Nasdaq” оствари раст од 1,5%.

Почетниот пад следеше веднаш откако кинеското министерството за финансии соопшти дека планира да воведе такси од 25% на американскиот увоз вреден 50 милијарди долари, кој ги вклучува сојата, авионите, автомобилите и хемиските производи.

Претходно, американската администрација објави дека планира да воведе такса на 1.300 кинески производи, вклучуваќи ги индустриските роботи и телекомуникациски опреми, објави ,,AP”.

Меѓутоа, на радост на инвеститорите е дека двете страни се подготвени за разговор и компромис.

Во Европа, германскиот индекс ,,DAX’’ опадна за 0,4%, а пак францускиот ,,CAC” за 0,2%, додека пак британскиот ,,FTSE 100” порасна за 0,1%.

Берзата на Исток го заврши тргувањето со различни резултати, ,,Nikei 225“ порасна за 0,1%, додека јужнокорејскиот ,,Kospi” опадна за 1,4%, а пад забележаа и индексот во Хонг Конг ,,Hang Seng” за 1,1% и шангајскиот индекс за 0,2%. Австралискиот ,,ASX 200” бележи оствари раст од 0,2%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП