26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаботниците на Google се против соработка со Пентагон

Работниците на Google се против соработка со Пентагон

Илјадници вработени на „Google“, вклучувајќи десетици високи инженери, имаат потпишано писмо со кое протестираат против учеството на компанијата во програма на Пентагон која ќе користи вештачка интелигенција за да интерпретира видеа и би можела да се користи за подобрување на насочувањето на напади со дронови, пишува „Њујорк тајмс“.

Писмото, кое се шири во „Google“ и има собрано повеќе од 3.100 потписи го одразува културниот судир меѓу Силиконската долина и федералната влада, кој најверојатно ќе се засили, бидејќи најсовремената „АI“ се користи се повеќе за воени цели.

„Ние веруваме дека „Google“ не треба да биде во бизнисот со војните“, се вели во писмото упатено до главниот извршен директор на компанијата Сундар Пичај. Вработените инсистираат „Google“ да излезе од т.н. „Project Maven“, пилот-програма на Пентагон, и да ја нагласи за официјална својата политика дека „никогаш нема да гради воена технологија“.

Овој вид идеалистичка позиција која сигурно не е споделена од сите вработени на „Google“, се чини сосема природна за компанија чие мото е „Не биди лош“ – фраза, истакната во протестното писмо. Но е сосема туѓа во масовната одбранбена индустрија на Вашингтон и секако на Пентагон, каде министерот за одбрана Џим Матис често се вели дека главната цел е да се зголеми „леталноста“ на американската армија.

Уште од првите денови на постоење, „Google“ ги охрабрува вработените да зборуваат за прашања поврзани со компанијата. Таа обезбедува внатрешни форуми и социјални мрежи, каде работниците можат да се спротивстават на менаџментот и еден на друг за производите и политиките на компанијата. Неодамна се отвори жестока дебата околу напорите на „Google“ за создавање на повеќе разновидна работна сила која се шири и надвор од компанијата.

Вработените на „Google“ отворија протестни петиции за голем број прашања, вклучително и во однос на „Google Plus“, кој заостанува зад конкурент „Facebook“, како и во однос на спонзорството на „Google“ на политичка конференција на конзервативците.

Вработените покренале темата за учеството на „Google“ во „Project Maven“ на неодамнешната средба на компанијата. Во тоа време Дајен Грин, која го предводи бизнисот со облачна инфраструктура на „Google“, го заштити договорот и се обиде да ги смири засегнатите вработени. Портпаролот на компанијата изјави дека повеќето од потписите под протестното писмо се собрани пред компанијата да има можност да ја објасни ситуацијата.

Потоа компанијата ја опишува работата на „Project Maven“ како таква со „неофанзивен“ карактер, иако видео анализата на Пентагон се користи рутински во битки или спречувањето на тероризмот, а публикациите на Министерството јасно покажуваат дека проектот ги поддржува овие операции. Како „Google“, така и Пентагон изјавија дека производите на компанијата нема да создадат автономен систем на оружје кој може да се активира без човечка интервенција, многу дискутирана и ризична опција за користење на вештачката интелигенција.

Откако „Google“ го купи експертот во вештачката интелигенција „DeepMind“ во 2014-та година, компанијата создаде етички комитет, за да се осигура дека со технологијата нема да се злоупотребува. Кога купи голем број на компании за роботи, таа извади една од нив, „Shaft Inc.“, од аукција на Пентагон. По купувањето на „Skybox“, „Google“ прекина некои од договорите со војската за сателитскиот стартап, но на крајот го продаде бизнисот.

Односот на „Google“ кон соработката со воените сили може да се промени, бидејќи нејзиниот облачен бизнис се натпреварува со „AWS“, „Microsoft“ и други компании. Владата на САД веќе е голем клиент на облачни услуги, а Пентагон бара од технолошкиот сектор нови алатки и стратегии, вклучувајќи поврзани со вештачка интелигенција.

Но некако незабележливо покрај овој спор се сеќаваме на класиците на Боб Дилан „Masters of War“ и делот „All the money you made will never buy back your soul“…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП