14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнѓушев: Законот за финансиска поддршка на инвестиции ќе ја подобри конкурентноста на...

Анѓушев: Законот за финансиска поддршка на инвестиции ќе ја подобри конкурентноста на домашните компании

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој се обрати на седницата на комисијата за економски прашања на Собранието, рече дека текстот на Законот за финансиска поддршка на инвестиции e креиран во координација и преку дискусија со сите чинители на економскиот живот во државата и ги отсликува реалните потреби на македонското стопанство.

„Законот претставува замена на нетранспарентната шема на државна помош со која во претходните години беа поддржани само 23 компании, а притоа се потрошени над 225 милиони евра, од буџетот на државата. Креиран е транспарентен механизам со кој се овозможува поддршка на многу поголем број на компании и пораст на економијата“, подвлече вицепремиерот Анѓушев.

Тој додаде дека со овој Закон се дава правна сигурност на инвеститорите, која покрај стабилната политичка состојба се основи за реализација на секоја инвестиција.

„Законот им овозоможува сигурност на инвеститорите на подолг рок, знаеме дека инвестициите не се реализираат преку ноќ, треба подолго време да се реализира еден сериозен инвестициски проект“, нагласи вицепремиерот.

Со Законот за финансиска поддршка на инвестиции се планира да се поддржат успешни компании, кои покажале просечен раст на приходот и ненемалување на просечниот број на вработени во истиот период, во споредба со годината за која побаруваат државна помош. Сето ова компаниите може да го прикажат со доставување на завршните сметки за наведените години.

„Основна цел на овој Закон е да се поттикнат нови инвестиции на компаниите, технолошки да се развиваат и да ја зголемат конкурентноста, да бидат конкурентни со фирмите од целиот свет. Технолошко поразвиени компании се поконкурентни компании, што значи поголем извоз на македонски продукти и побрз економски раст. Македонската Влада дополнително, преку реализација на капитални инфраструктурни проекти, ќе ја зголемува конкурентноста на македонската економија и ќе им овозможува на компаниите подобри услови за водење на бизнис“, потенцираше Анѓушев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП