26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворен велигденскиот базар во Охрид

Отворен велигденскиот базар во Охрид

Убаво украсени велигденски јајца, многу декорации во духот на најголемиот христијански празник Велигден се изложени на традиционалниот велигденски базар што утрово беше отворен на плоштадот Чинар во охридската чаршија.

Учениците од сите основни и средни училишта во градот изработија привлечни велигденски украси допадливи за бројните посетители од земјава и странство.

На базарот беа изложени солени и слатки јадења подготвени од учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“, а собраните средства од продажбата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Пријатната атмосфера кај охридскиот чинар беше надополнета со музичко-сценски настап на најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“.

Велигденскиот базар ќе биде отворен и во текот на утрешниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП