5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа патниот правец Крива Паланка-село Огут свлечиштето е расчистено

На патниот правец Крива Паланка-село Огут свлечиштето е расчистено

На патниот правец Крива Паланка-село Огут (Р-2245) свлечиштето е расчистено и сообраќајот е нормализиран, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Во изминатите денови екипи на „Македонијапат“ интензивно работеа на расчистување на свлечиштето.

Свлечиште има и на патниот правец Р 1308 Макази-граничен премин Маркова Нога, кај местотo Долги Рид, поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози и препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани-Македонска Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП