17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДонирани пакети за ранливите категории по повод велигденските празници

Донирани пакети за ранливите категории по повод велигденските празници

Во пресрет на велигденските празници, денеска беа доделени 110 социјални пакети со прехранбени продукти и средства за хигиена, донирани од страна на граѓаните на Карпош во рамките на хуманитарната акција „Подај рака, донирај за твојот сосед“.

Хумнитарните пакети на социјално загрозените лица им ги врачи градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.

Во просториите на урбаните заедници во Карпош 2, Владо Тасевски и Влае 1, каде што се делеа пакетите, се одржаа сесии за информирање на граѓаните за социјалните права што може да ги остварат во општина Карпош. Притоа на присутните сограѓани им беше нагласено дека локалната самоуправа нуди повеќе форми на еднократна парична помош за социјално загрозените лица, и тоа: за лица во социјален ризик, за лекување, за новороденче, при елементарни непогоди, за лица со посебни потреби.

 

Градоначалникот Стефан Богоев посочи дека Општина Карпош ќе продолжи да биде силен партнер на маргинализираните лица, а најави и други проекти што ќе се реализираат во претстојниот период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП