27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на берзите поради спорот помеѓу двете големи сили

Пад на берзите поради спорот помеѓу двете големи сили

Акциите на европските берзи денес бележат остар пад, откако Кина најави внесување нови тарифи на американските производи, како одговор на акцијата во Вашингтон.

Инвеститорите стравуваат дека на двете земји им се заканува трговска војна, која што доколку се случи ќе има последици врз целиот свет.

Водечките индекси претрпуваат најголеми промени така, ,,DAX” опадна за 1,2%, додека британскиот ,,FTSE 100” за 0,4%, како единствена светла точка на кинеската одлука за зголемување на царините на американските производи вредни 50 милијарди долари, пренесува агенцијата „AP”.

„Не изненадува што бележиме бегство на инвеститорите на „безбедни места“, поради што златото и јенот значително се зајакнаа во текот на утринското тргување“, оценува пазарниот аналитичар од компанијата „IG“, Џошуа Махони.

Цената на златото денес порасна за 0,8% на 1.347,40 долари за унца. Доларот ја намали вредноста за 106,12 јена, додека еврото се искачи на 1,2294 долари од 1,2272 долари.

Во Азија, јапонскиот индекс ,,Nikei” порасна за 0,1%, јужнокорејскиот ,,Kospi” опадна за 1,4%, а индексот во Хонг Конг ,,Hang Seng” за 2,2%. Акциите исто опаѓаат и во Сингапур, Тајланд, Индонезија и Индија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП