Стапката на невработеност во 19-члената еврозона падна на 8,5% во февруари, во однос на 8,6% во јануари, соопшти европската служба за статистика Евростат.
Ова е најниската стапка до сега од онаа во декември 2008-ма година, која се појави пред банкротирањето на американската инвестициска банка ,,Lehman Brothers“, чиj банкрот го турна целиот свет во финансиска криза. Бројот на невработени лица во еврозоната во февруари е намален за 141.000 на помалку од 14 милиони.
Имено, инфлацијата во март порасна за 1,4% во однос напретходниот месец во кој инфлацијата изнесуваше за 1,1%, но сепак се уште е под целта на европската централна банка која е под 2,0%.
Истовремено, основната инфлација од која што се изземени променливите цени на храната и енергијата, остана на стабилена – 1,0%.