27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФорд за пет месеци продаде хибридни возила колку цела 2012-та

Форд за пет месеци продаде хибридни возила колку цела 2012-та

fordd

Компанијата Форд соопшти дека успеале да ја надминат својата рекордна продажба на хибридни возила на ниво на цела година и тоа со продадени 35.496 единици во само првите пет месеци од 2013-та година.

Во текот на мај Форд објави дека очекуваат до крајот на тој месец да продадат околу 37.000 хибридни возила, што е зголемување за околу 375 проценти во однос на целата 2012-та година.

Расот на продажбата на компанијата пред се должи поради одличната продажба на моделите како што се „C-MAX Hybird“, „C-MAX Energi“, „Fusion Hybrid“ и „Lincoln MKZ Hybrid“.

Оваа продажба на хибридни возила и помогна на Форд да се искачи на второто место според бројот на продадени вакви возила во САД,  а убедилвo на првата позиција се наоѓа Тојота.

Од Форд моментално сметаат на околу 15.5 проценти од пазарот на хибридни автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП