25 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКупена компанија за споделување велосипеди за 2,7 милијарди долари

Купена компанија за споделување велосипеди за 2,7 милијарди долари

Најголемиот снабдувач на интернет услуги во Кина, „Meituan Dianping“, ја купи компанијата „Mobike Bike“ за 2,7 милијарди долари.

Во договорот не се вклучени долговите на купената компанија.

Овој потег е уште еден чекор во натпреварот помеѓу двата кинески интернет гиганти „Tencent“ и „Alibaba“, бидејќи „Tencent“ стои како зад купувач, така и зад купената компанија, пренесува „CNBC“.

„Meituan“ го објави договорот без да ја објави цената за постигнатата зделка. Но, два извори на „Ројтерс“ објавија дека продажната цена изнесувала 2,7 милијарди долари.

Трансакцијата ги консолидира ресурсите на двете компании кои инаку ја имаат поддршката на „Tencent“.

Главниот ривал на „Mobike“ е компанијата „Ofo Bicycle“, која, пак, ја поддржува „Alibaba“. Уште еден голем инвеститор во „Ofo“ е „Didi Chuxing“ заедничко патување.

Двете компании за споделување велосипеди водат тешка битка, поврзана со трошоците, како за доминација на кинескиот пазар така и за проширување на својот модел во целиот свет.

„Mobike“, кој има повеќе од 30 милиони корисници секој ден, ќе го задржи брендот непроменет и нема да направи никакви промени во управувањето како резултат на договорот, соопшти компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП