27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Белград поставен првиот банкомат за купување и продавање криптовалути

Во Белград поставен првиот банкомат за купување и продавање криптовалути

Единствениот двосмерен банкомат за двете криптовалути Биткоин (BitCoin) и Лајткоин (LiteCoin) е поставен во еден од градежните објекти на улиците  „Кнез Милош“ и „Крал Милан“ во Белград.

Компанијата „ECD“ истакнува дека овој апарат во секој момент ќе им овозможи на сите кои се заинтересирани за купување и продавање на дигитални валути.

За оние кои што планираат во иднина да користат банкомат, стручниот тим за консултации и советување ќе биде ставен на располагање 10 до 14 часа секој ден.

Покрај тоа, на располагање ќе биде и контакт центар, кој секој ден ќе биде на располагање од 9 до 12 часа.

Користењето на „валутите од новата генерација“, како што вообичаено се нарекуваат се иновации кои ќе овозможат овој пазар да биде во чекор со светот.

Бројот на корисници на криптовалутите расте од ден во ден. Според проценките на компанијата „ECD”, се очекува бројот на корисници да се зголеми дури за 50 пати во однос на 2016-та година.

Во наредниот период се разгледува можноста за додавање на трета криптовалута Етериум (Ethereum), како и плаќање на овие валути во продажниот објект „Idea London“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП