26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку погрешни потези во деловната комуникација

Неколку погрешни потези во деловната комуникација

Реакциите на некои задачи на кои не сте се надевале може скапо да ве чинат и затоа внимателно бирајте ги зборовите во одредени ситуации.

Ако шефот ви каже нешто да направите, а вие сметате дека тоа не спаѓа во вашиот опис на работа никако немојте да кажете „Тоа не е моја работа“, туку преформулирајте го во „Не сум сигурен дека тоа е приоритет во овој момент, бидејќи работам на многу важен проект“ и продолжете го смирено разговорот за вашите одговорности.

Никогаш не ја намалувајте вредноста на сопствените идеи и не ја започнувајте презентацијата на следниот начин: „Можеби ќе звучам глупаво, но…“. Кажете отворено што мислите без никаков вовед. Тоа позитивно ќе се одрази и на вашата самодоверба.

Исто така, немојте да бидете непристојни, па во телефонскиот разговор или при разговор лице во лице да ја кажете следната реченица: „Немам време за разговор со вас“. Пристојно извлечете се од ситуацијата, на пример „Во моментов нешто работам, може ли да наминам кај вас по завршувањето на работата“. А ако некој упорно ве повикува, а вие не можете да се јавите, пратете смс порака и кажете дека ќе го контактирате подоцна. Нормално, не заборавајте на лицето, контактирајте го веднаш штом се ослободите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП