26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроменливо време до петок, стабилизација во текот на викендот

Променливо време до петок, стабилизација во текот на викендот

Од управата за хидрометеоролошки работи информираат дека утре (четврток) ќе преовладува топло време, но ќе има и повремен слаб локален дожд, додека пак во попладнивните часови на одредени места врнежите ќе станат поројни и проследени со грмежи.

Дождот ќе продолжи и во текот на ноќта и во петок и во сабота претпладне. Поинтензивини врнежи се очекуваат во северните и источните делови, ноќта четврток кон петок.

Во петок, пак, ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури. Во текот на Велигденските празници времето ќе биде стабилно, суво и релативно топло, најавуваат метеоролозите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП