25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд милијардер до банкрот за пет години

Од милијардер до банкрот за пет години

milija1

Хелси Мајнор пред пет години бил милионер, а денес е човек во долгови, кој ги продава и последните вредности кои му останале.

Мајнор (48) е пионeр на технологијата и основач на мрежата „CNET“ од 1993 година, која ја продаде во текот на појавата на економската криза во 2008 година за 1,8 милијарди долари, како и компанијата „Grand Central Communications“ која ја продаде на „Google“ за 65 милиони долари.

Како што пренесува францускиот весник „Atlantiko“, овој деловен човек, љубител на уметноста и коњите, кој заработувал милијарди од технолошките компании, започнал да инвестира во недвижнини, уметнички предмети, но и да се обложува на трки со коњи, поради што неговото богатство започнало вртоглаво да се топи.

milija2

Во што инвестирал?

Мајнор парите ги инвестирал во изградба на луксузни хотели, кои никогаш не ги завршил, а кои морал да ги продаде за мали пари кога западнал во долгови.

Во 2007 година тој инвестирал 22 милиони долари во изградба на реплика на градот Версај и познатата палата во едно предградие на Сан Франциско, но и тоа останало недовршено бидејќи му недостасувале 15 милиони долари за да го заврши проектот.

Тој учествувал на аукциите на куќата „Sotheby’s“ и купувал уметнички дела, меѓутоа, поради доцнење со исплатата за три слики, од него, преку судски пат е побарано да плати 6,6 милиони долари.

Куќата која ја купил во Лос Анџелес за 20 милиони долари ја продал за 11 милиони долари, а разводот со неговата сопруга го чинел околу 100 милиони долари.

Долговите, даноците, пропаднатите инвестиции, на крајот му го однеле целото богатство. Според податоците кои се презентирани во јавноста, Мајнор должи околу 100 милиони долари во 50 различни финансиски институции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП