10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОли Рен ќе се кандидира за гувернер на централната банка на Финска

Оли Рен ќе се кандидира за гувернер на централната банка на Финска

Поранешниот висок политичар на е ЕУ, Оли Рен , изјави дека ќе се кандидира за гувернер на централната банка на Финска.

Рен, кој остана добро познат во јавноста како комесар за проширување на ЕУ, исто така има намера да стане член и на Европската централна банка од јули.

На сегашниот гувернер на Финска, Ерки Ликанен мандатот му завршува во јуни, а неговиот наследник ќе биде именуван во мај.

Се смета дека Ренето засега е најголемиот фаворит за ова место. Во 2016 -тата година, тој ја напушти функцијата министер за економија за да може да стане заменик-гувернер.

56-годишниот Рен, со докторат по економија од Универзитетот во Оксфорд, помина една деценија во Европската комисија, а во текот на должничката криза на еврозоната тој беше комесар за економски и монетарни прашања.

„Јас го поднесов моето барање за позицијата гувернер на банката во Финска. Мојата мотивација за одржување на економската стабилност и одржлив раст е голема“, изјави Рен.

Промената на политиката на централната банка не очекува да предизвика заминување на Лијакан, кој е познат по тоа што има голема подршка за претседател на ,,ECB“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП