6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Турскиот тек“ пред вратите на Анкара

„Турскиот тек“ пред вратите на Анкара

Работата на изградбата на гасоводот „Турски тек“ оди според планот и во мај ќе биде завршен неговиот прв крак, изјави шефот на Газпром, Алексеј Милер.

„Што се однесува на првиот крак на гасоводот, веќе се изградени 827 километри и буквално во првата недела од мај ќе ја завршиме неговата изградба“, изјави Милер пред новинарите.

Остануваат да се изградат терминалот за прием на гас и вториот крак. Па така, се оди според планот, нагласи Милер.

Во мај 2017 година Газпром започна со изградбата на морскиот дел од „Турскиот тек“ кај руската обала на Црното море.

Проектот предвидува изградба на гасоводот по дното на Црното море до европскиот дел од Турција и понатака кон границата со Грција. Должината на морскиот дел би требало да изнесува 930 километри, а на копнениот дел на турската територија 180 километри.

Првиот крак ќе биде наменет за турскиот пазар, а вториот за снабдување со гас на државите од јужна и југоисточна Европа. Капацитетот на секој крак е 15,75 милијарди кубни метри гас годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП