16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈутјуберката била бесна поради неплатените снимки

Јутјуберката била бесна поради неплатените снимки

Таткото на 39-годишната Назим Агдам од Сан Диего, која во просториите на YouTube во калифорнискиот град Сан Бруно пукала со пиштол и повредила три лица, а потоа извршила самоубиство, рече дека таа била бесна на компанијата, бидејќи таа престанала да и плаќа за новите видео видеа што ги објавувала на нејзиниот канал.

АП објави дека Исмал Агдам рекол дека ја предупредил полицијата дека неговата ќерка може да дојде во просториите на YouTube, бидејќи таа ја “мрази” компанијата.

Портпаролката на полицијата во градот, Кејти Нелсон потврди дека полицијата откри дека една жена со тоа име спиела во автомобил на паркинг во вторникот наутро, додавајќи дека жената не сакала да одговора на прашања.

Агенцијата додава дека Нелсон не одговорила на прашањето дали полицијата била предупредена за Агдам дека  би можела да изврши напад.

Таткото на Назим во понеделникот пријавил дека исчезнала неговата ќерка откако два дена не одговорала на телефонските повици.

За Назим Агдам се наведува дека е вегетаријанка и активист за правата на животните, која учествуваше во протестите на организацијата ПЕТА, и дека себеси се претставувала како Персијка и снимките ги објавувала на англиски и фарси, официјален јазик во Иран.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП