1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„АРМ со вас“: Отворен ден на армијата на плоштад Македонија

„АРМ со вас“: Отворен ден на армијата на плоштад Македонија

Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија денеска напладне на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе организираат отворен ден со граѓаните на Република Македонија насловен „АРМ со вас“.

На настанот ќе присуствуваат министерката Радмила Шекеринска, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, претставници на воено-дипломатскиот кор во Република Македонија и други високи претставници на МО и АРМ.

Граѓаните на централниот плоштад ќе имаат можност да го слушнат Воениот оркестар, ќе ја видат точката „Егзерцир“ на гардата на АРМ, како и боречките вештини на армиските специјалци. Како дел од настанот ќе бидат претставени и оклопни возила на Армијата, а ќе бидат поставени и штандови на кои сите граѓани ќе можат да се информираат за воената професија и огласот за прием на професионални војници кој е во тек. Пред граѓаните ќе се претстават и Воената академија, Центарот за обука на пилоти и Регионалниот центар за односи со јавноста, кој е единствен НАТО центар во Република Македонија.

Целта на отворениот настан е граѓаните одблиску да се запознаат со својата Армија и нејзините капацитети и да се информираат за воената професија и јавниот оглас за прием на професионални војници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП