2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се гради нов објект за Државниот архив

Ќе се гради нов објект за Државниот архив

Владата донесе одлука да почне постапка за изградба на нов објект на Државниот архив.

„На вчерашната владина седница беше разгледана и усвоена информацијата за надминување на проблемот со канцелариски простор и депото на Државниот архив, и по широките консултации и анализи на теренот, донесе предлог-решенија за решавање на ова прашање кои предвидуваат изградба на нов објект за Државниот архив“, соопшти Владата по завршувањето на седницата.

Владата го задолжи Државниот архив до конечната реализација на ова решение да спроведе постапка за санација за спречување на протекување на атмосферска вода во постоечкиот објект на кеј Димитар Влахов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП