1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSamsung лансира нова серија на Galaxy Tab

Samsung лансира нова серија на Galaxy Tab

tablett

Компанијата „Samsung Electronics Ltd“ ги претстави уредите „Galaxy Tab 3“ oд 8 и 10.1 инчи кои од овој месец ќе се најдат на сите пазари ширум светот.

Серијата „Galaxy Tab 3“ на корисниците им нудат различни начини да прегледуваат, слушаат, креираат и разменуваат значајни податоци и посебни содржини со поблиските луѓе.

Според соопштението на оваа компанија „Tab 3“ е специјално прилагоден на „читачкиот начин на работа“ благодарејќи на оптимизацијата на дисплејот за посебна осетливот и тон. Дизајниран е да се држи во една рака, а функциите како „Sound Alive“ и  „Dolby Surround Effect“ овозможуваат подобар квалитет на звукот во однос на претходната генерација на овој уред.

tablett1

„Galaxy Tab 3“ oд 8 инчи поседува опција „S Translator“ која нуди моментален превод со помош на препознавање на гласот и преку текст на апликации кои ја вклучуваат електронската пошта, текстуалните пораки и „ChatON“.

Уредите имаат и „WatchOn“ со кој таблетите ги претвара во виртуелен далечински управувач за телевизори .

Кога станува збор за „Galaxy Tab 3“ oд 10.1 инчи тој е опремен со „dual core“ процесор од 1.6 GHz, комплет софтвери за видео, музика и фотографија, како и опциите „Smart Remote“ и „MHL“ (TV Out).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП