2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонската банка за поддршка на развојот доби намалена каматната стапка за кредити

Македонската банка за поддршка на развојот доби намалена каматната стапка за кредити

Владата на 62-та седница што е во тек, го разгледа и усвои Полугодишниот извештај за износот и бројот на одобрени кредити од Посебниот кредитен фонд (ПКФ), структурата по банки учеснички, како и состојбата на салдото и го овласти министерот за финансии, Драган Тевдовски со Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје (МБПР) да потпише Анекс кон договорот за администрирање на Посебен кредитен фонд бр.51-422/1 од 21.01.2011 година склучен меѓу Владата и МБПР.

Со Анекс на Договорот склучен со МБПР ќе се намали каматната стапка за банките учеснички од 3% фиксно годишно на 2% фиксно годишно, ќе се намали каматната стапка за крајните корисници од до 8% годишно на до 5% годишно, ќе се зголеми максималниот рок на отплата на кредитите од 8 на 10 години и ќе се овозможи пласирање на кредити со намена и само за обртни средства со рок на отплата до 3 години со вклучен грејс период до 6 месеци и со тоа ќе се обезбеди поголема поддршка на развојот од страна на Банката.

Како дополнителен заклучок, Владата ја задолжи Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје да подготви Стратегија за зголемување на капацитетите за финансирање на македонски компании, со поконкурентни цени и услуги, како и подобрување на условите за осигурување на извозот на македонски производи и во рок од 15 дена да ја достави до Владата.

На 62-та седница на Владата што е во тек, се разгледуваат и други точки од интерес на граѓаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП