25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПролонгиран рокот за изградба на автопатот Кичево - Охрид

Пролонгиран рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

Со 59 гласови „за“, ниту еден против и воздржан, Собранието на Република Македонија денеска, во рамки на 40. седница, го поддржа носењето по скратена постапка на Предлог-законот за пролонгирање на изградбата на делницата Кичево-Охрид за три и пол години.

Предлогот предвидува склучување анекс кон Договорот за изградба на делницата Кичево – Охрид со цел продолжување на рокот за изградба до 30 јуни 2021 година, а неговото донесување по скратена постапка од пратениците го побара министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски. Тој рече дека се неопходни препроектирања кои ќе го зголемат обемот на работа и ќе предизвикаат финансиски импликации.

Анексот, истакна Сугаревски, се однесува само на продолжување на рокот за изградба, а не и на дополнителните средства зашто за нив ќе се прави дополнителна проценка.

– Бараме да се склучи анекс договор според кој крајниот рок за доизградба на автопатската делница Кичево – Охрид ќе биде 30 јуни 2021 година. Потребата од продолжување на рокот се јавува поради неусогласеност на проектната документација со условите на теренот и променливата геологија која не одговара со предвидената во проектот. Потребно е препроектирање на сите усеци, на повеќе мостови, потпорни ѕидови, надпатници, подпатници, комплетна проектна документација за девет клучки, како и изработка на проектна документација за позиции кои не биле предвидени во основниот проект, а морале да се предвидат заради неопходно и правилно функционирање на автопатот, објасни министерот.

Владата на 20 март годинава го усвои првиот анекс на договорот со кинеската компанија Синохидро со кој рокот за градба се пролонгира за три и пол години.

На 40. седница чиј дневен ред беше усвоен по точката за автопатот Кичево – Охрид, има повеќе од 60 предлог-закони. Седницата, како што најави спикерот Талат Џафери, ќе продолжи во 16 часот.

Собранието претходно одржа три седници на кои беа поддржани околу 40 закони, сите во прво читање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП