4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСамо ужасниот шеф ги прави овие нешта

Само ужасниот шеф ги прави овие нешта

Можеби ви ветил зголемување, унапредување, поголема одговорност и слично, но вие од сето тоа сте добиле само тишина. Погледнете ги знаците кои укажуваат дека имате ужасен шеф.

Тој никогаш не греши

Да научите да признаете кога ќе згрешите е една од најдобрите работи кои можете да ги направите за своие колеги. Едно истражување покажува дека дури 91 процент од вработените сметаат дека шефовите би требало да признаат кога ќе погрешат, бидејќи признавањето им испраќа порака на вработените дека тоа е сигурно опкружување за некој ризик и предложување на иновации, без страв.

Дава лажни ветувања

Можеби ви ветил зголемување, унапредување, поголема одговорност или слично, но вие од сето тоа сте добиле само тишина. И таквиот шеф спаѓа во категоријата ужасен шеф. Ако разговорот очи во очи не помага, обидете се да добиете одговор преку меил. Ако ни тогаш не добиете одговор, бидете внимателни.

Сака да бидете како него

Луѓето ги сакаат луѓето кои им се слични. Но, добриот шеф знае дека различните личности создаваат добар тим. Лошите шефови сакаат нивните вработени во се да се согласуваат со него и не сакаат да слушнат поинакво мислење, дури ни тогаш кога тоа би можело да донесе успех во компанијата.

Никогаш не ве пофалил

Прв ќе ве прекори кога ќе погрешите, но и последен ќе ве пофали за некој ваш успех. Тоа е една од особините на лошиот шеф. Без оглед колки сте се труделе, тој ги гледа само неуспесите. Исто така, ако вашите грешки ги потенцира пред колегите, тој е во категоријата на уште полош шеф. Добриот шеф знае дека таквите разговори не треба да ги води пред сите вработени, туку очи во очи директно со вас.

За него не постои работно време

Нема врска што работното време поминало, тој и понатака има задачи за вас, а вашето приватно време не му значи апсолутно ништо. Вашиот шеф мора да сфати дека имате и приватен живот и дека не можете сите нешта да ги завршите одеднаш. Ако тоа не му го објасните навремено, тој и понаката така ќе постапува со вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП