18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради штрајк сообраќаат само 12 отсто од возовите во Франција

Поради штрајк сообраќаат само 12 отсто од возовите во Франција

Француската железничка мрежа е сериозно нарушена поради бранот штрајкови против реформите на владата на претседателот Емануел Макрон, со кои се предвидува укинување на нивниот специјален статус што го уживале со децении, објави Би-би-си. Владата соопшти дека тој статус повеќе не е одржлив. Штрајкуваат и персоналот на „Ер Франс“ и вработените во градската чистота.

Штрајкот го предводи персоналот на државната железница СНЦФ, а засегнати се и секторот за собирање енергија и отпад. Поради штрајкот, железничките станици се во хаос, преполни со патници.

Услугите се сериозно ограничени кога четирите главни железнички синдикати му се приклучија на штрајкот. Речиси 77 отсто од возачите на SNCF се во штрајк, а 48 отсто од сите вработени. Во служба се само еден од осум брзински ТГВ и само еден од пет регионални воза.

Француската национална железничка компанија СНЦФ соопшти дека сообраќаат само 12 проценти од возовите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП