15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина предупреди за пропорционални мерки против приготвените американски давачки

Кина предупреди за пропорционални мерки против приготвените американски давачки

Властите во Пекинг ќе превземат контрамерки со „иста пропорција и обем“, ако САД наметнат уште царини за кинеските производи. Ова го изјави кинескиот амбасадор во Вашингтон Цуеј Тиенкаи, разгорувајќи ја уште повеќе загриженоста за можна трговска војна.

Неговиот коментар беше упатен во почетокот на оваа недела, во која се очекува американските власти да прогласат воведувањето на царина за кинески стоки во износ од 60 милијарди долари, соопштува „Ројтерс“.

„Ако тие тоа го сторат, ние сигурно ќе преземеме соодветни мерки во иста пропорција, истиот обем и со ист интензитет“, изјави Цуеј во интервју за кинеската телевизија „China Global Television Network“ (CGTN).

Се очекува новите давачки воведени од Вашингтон, да бидат насочени против производите кои имаат корист од програмата за индустриски развој „Произведено во Кина 2025“, иако може да поминат повеќе од два месеци, пред тие да стапат во сила, посочуваат државни претставници.

Во неделата Кина објави дека воведе увозни давачки за 3 милијарди американски долари, вклучувајќи ги и оние во секторот за храна. Земјата ја зголемува со 25% должноста врз осум производи увезени од САД, вклучувајќи го свинското месо, и наметнува ново 15-процентна должност врз други 120 стоки, вклучувајќи и овошје.

Активностите на Пекинг се одговор на американските давачки против увозот на челик и алуминиум – судир за кој инвеститорите се загрижени дека може да е увертира на трговска војна.

Причината за поготвената од САД царина за кинески стоки е истрага, иницирана од американскиот претседател Доналд Трамп во врска со обвинувањата за кражба на интелектуална сопственост и принуден трансфер на технологии кон Кина.

Според зборовите на амбасадорот Цуеј, Кина презема активности за подобрување на заштитата на интелектуалната сопственост и веќе постигнува „добар напредок“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП